Срби тргнале на одмор во Грција, ама им се запалило возилото среде возење кај Миравци

Вчера било пријавено дека на автопатот во близина на клучката кај село Миравци се запалило возило во движење со српски национални ознаки. За среќа немало повредени.

„На 07.07.2024 во 15.55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопат А-1, во близина на клучка за село Миравци, настанал пожар на патничко возило во движење, „рено“ со српски национални ознаки, управувано од З.И.(47) од Србија. Повредени лица нема, а увид извршила екипа на ОВР Гевгелија“, соопштија од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.