РЦУК Штип известува, дека во период од 13.00 часот во кругот на фабриката за акумулатори во Пробиштип, при косење трева е пронајдена стара рачна бомба.
Од ЦУК за итниот потенцијално опасен случај се известени во Полициска станица Пробиштип и во ДЗС Пробиштип, по што од страна на овластено лице на ДЗС, бомбата е успешно и безбедно отстранета во 15.30 часот.
Инаку, ЦУК упатува превентивната препорака до граѓаните што ќе најдат неексплодирани убојни средства (НУС) да не ги фаќаат и да не ги поместуваат, туку едноставно да ги пријават на 112 во ЦУК, а потоа од надлежните тие ќе бидат неутрализирани на лице место или ќе бидат безбедно отстранети соодветно според процена на професионалците за НУС.