Пеколните температури и доцнењето на автобусите на ЈСП во Скопје станува загрижувачки проблем. Скопјани сведочат дека деновиве се случиле неколку колапси, со оглед дека автобусите доцнат и со часови.
Новинарката Соња Христовска Угриновска објави фотографии како на патник му се слошило, па интервенирала Брзата помош. Неофицијално немилиот настан се случил во Геге, скопско Ѓорче.
Слична била ситуацијата и во Автокоманда пред неколку дена.
– Катастрофа невидена е со автобусите, кај што ги нема редовно внатре се гнасни не исчистени, за клима да не правиме муабет, тоа е научна фантастика. Жално е што даваме пари за јавен превоз, коментира скопјанка.