Нетанјаху прекинат додека држеше говор на комеморација во Ерусалим за конфликтот меѓу Израел и Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше прекинуван од неколкумина од присутните лица за време на говорот што го држеше во Ерусалим по повод 10-годишнината од конфликтот меѓу Израел и Газа во 2014 година.

Нетанјаху рече дека Хамас бил „под зголемен притисок“ поради израелската воена операција, но додека говореше лица од толпата дофрлаа дека тој „ги загрозува животите на заложниците“.

Нетанјаху, кој исто така беше на власт во 2014 година, говореше на државната комеморација во Ерусалим за разорната 51-дневна војна во 2014 година во Газа.

На церемонијата говореше и израелскиот претседател Исак Херцог додека еден маж од толпата извикуваше „виновен си“.

На 7 октомври, во ненадејниот напад на Хамас загинаа 1.200 луѓе, главно цивили, а милитантите зеле околу 250 луѓе како заложници.

Околу 120 остануваат во заробеништво, а околу една третина од нив се верува дека веќе се мртви.

Пронајдете не на следниве мрежи: