Најбогатиот Африканец: Имам само две куќи, ниедна не е во странство

Најбогатиот Африканец Алико Данготе шокирал многу Нигеријци кога рекол дека не поседува куќа надвор од својата земја. Данготе рекол дека поседува две куќи – во Лагос и во својот роден Кано. Рекол дека престојува во изнајмен стан кога е во Абуџа, главен град на Нигерија.

Списанието „Forbes“ го прогласи за најбогат човек од Африка 13 години по ред, и покрај економските потешкотии во земјата. Неговото погатство пораснало за 400 милиони долари во текот на минатата година, при што вкупната нето вредност на неговиот имот изнесува 13,9 милијарди долари.

Овој 66-годишен бизнисмен се збогатил од цемент и шеќер, а минатата година отворил рафинерија за нафта во Лагос, нигерискиот економски центар. Коментарите за својот стил на живот ги дал во текот на разговорот со новинарите во рафинеријата.

„Сакав да се сконцентрирам на индустријализацијата во Нигерија“
Неговите коментари изненадиле многумина во земјата во која богатата елита негува раскошен начин на живот. Многу богати Нигеријци поседуваат куќи во Лондон, Дубаи и Атланта. Данготе порачал дека тој сака да ја види Нигерија како расте, пишува „BBC“.

„Причината поради која немам куќа во Лондон или во САД е исклучиво тоа што сакав да се сконцентрирам на индустријализација на Нигерија. Многу сум страстен кон сонот за Нигерија. Освен куќата во Лагос, имам уште една во родниот Кано и изнајмен стан во Абуџа“, навел тој.

„Да имам куќи насекаде, Америка и на други места, не би можел да се концентрирам да изградам нешто за своите луѓе“, додал тој. Што се однесува до неговата куќа во Лагос, станува збор за раскошна резиденција на популарниот остров Банана, каде многу богати Нигеријци исто така имаат вили.

Неговата куќа во Кано е скромна и е користена за примање на гости по смртта на неговиот брат Сани Данготе во 2021-ва.

Пронајдете не на следниве мрежи: