Пукање вечерва кај „Фафа“ во скопски Чаир, има и ранети дознава ТВ21.
Според првични и неофицијални информации на ТВ21 станува збор за пресметка на криминални групи.
Неофицијално, според информации на Инфомакс се работи за должничко-доверителски односи, односно, неисплатен долг за дрога.
Екипа на Инфомакс се упати на лице место. Повеќе информации во текот на вечерта.