Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска разговараше со претседателот на Бугарија, Румен Радев, за билатералните односи и зајакнувањето на економската соработка.
„Со претседателот Румен Радев разговарав за билатералните односи, зајакнувањето на економската соработка и партнерството меѓу нашите две земји и народи“, објави Вучиќ на „Инстаграм“.
Како што додаде, Радев и тој во текот на разговорот се фокусирале на клучните прашања од самитот на Европската политичка заедница и темите што ја обликуваат иднината на Европа.