Лекарите со најново соопштение за здравствената состојба на Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го заврши лекувањето со лекот паксловид и симптомите на Ковид-19 „речиси целосно исчезнаа“, изјави неговиот лекар Кевин О’Конор.
„Неговата заситеност на белите дробови со кислород е сè уште одлична. Белите дробови му се чисти. Претседателот продолжува да ги извршува сите свои претседателски должности“, додаде О’Конор.

Бајден откри дека тестирал позитивно на коронавирусот на 17 јули и оттогаш е во изолација во својот дом во Делавер, каде што донел одлука да се повлече од претседателската трка во 2024 година, пренесува Ројтерс.

Пронајдете не на следниве мрежи: