Аргентина постигна гол против Мароко во 106. минута за 2-2 во првиот меч од Олимписките игри (ОИ), но потоа се случи нешто досега невидено. ВАР-технологијата им поништи погодок на „гаучосите“ по речиси два часа од неговото постигнување.
ВАР го поништи голот на Медина поради офсајд речиси час ипол по повлекувањето на играчите и тоа значи дека водството останува за Мароко.
По прекинот на средбата поради дел од навивачите кои влегоа на теренот, играчите заминаа во соблекувалната, но судијата не дал знак за крај на натпреварот. Тоа значи дека репрезентативците ќе се вратат на теренот и ќе го доиграат дуелот со водство од 2-1 на Мароко.
Маскерано по поразот од Мароко: Поголем циркус немам видено во животот!