Шпански прволигаш се вклучи во борба за потписот на Миовски

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин и поради тоа привлече интерес од многу екипи.

Пред неколку дена во борба за потписот на Миовски се вклучи калчолигашот Болоња, а денеска во битката се вклучи и шпанскиот прволигаш Еспањол.

Абердин нема лесно да се откаже од услугите на Миовски, па според медиумите очекува да заработи околу осум милиони евра од трансферот на македонскиот фудбалер.

Пронајдете не на следниве мрежи: