(Видео) Дачиќ за Инфомакс: Очекуваме Македонија да го екстрадира во Србија Блерим Рамадани

Србија очекува Македонија да го екстрадира поранешниот член на УЧК, Блерим Рамадани, одговори на прашање на Инфомакс министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

– Ние доста од тие луѓе кои учествувале во тие злочини за време на војните ги процесуиравме и издадовме потерници. По тие потерници се уапсени некои од нив. Ние очекуваме да се донесе одлука за екстрадиција, но тоа е внатрешно прашање на Македонија, истакна Дачиќ.

МВР на 18-ти овој месец на граничниот премин Јажинце, на влез во државата го лиши од слобода Б.Р.(47) од Косово, затоа што при пасошка контрола и извршени проверки било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси“, по барање на Интерпол Србија. Од косовското МНР потоа информираа станува збор за Блерим Рамадани, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во оперативната зона Неродиме. Оттаму од македонските власти побараа негово ослободување.

Ден по приведувањето, на 18 јули, Основниот кривичен суд Скопје, на барање на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција на Рамадани му определи екстрадициски притвор. Неколку дена подоцна, ветерани и членовите на семејството на поранешниот припадник на ОВК Рамадани, протестираа пред Основниот кривичен суд во Скопје и бараа негово ослободување.

Пронајдете не на следниве мрежи: