INFOMAX.MK

Иако Владата на Христијан Мицкоски најавуваше борба проив таканаречената албанизација на Македонија пред малку на официјалната страница на Инстаграм на Владата осамна слоганот за најголемиот македонски празник 2 август Илинден и на албански.

Имено слоганот за овогодинешната прослава на Илиден е „Борбата продолжува“, а на социјалната мрежа истиот е напишан и на Албански „Beteja Vazhdon“.

Граѓаните веднаш реагираа на социјалната мрежа пишувајќи дека ова е Влада на Република Македонија, а не на Албанија, дополнително граѓаните бараат да биде напишано името на државата Македонија.

Ваквата објава на Владата следува само еден ден откако беше најавено формирање на пара-институција Албанска академија на науките и уметностите во Македонија од страна на коалициониот партнер на Мицкоски, Влен.

Формирањето на оваа институција наиде на жестоки критики дури и од најголемите поддржували на Мицкоски кои велат дека ова е процес и чекор кон федерализација на државата.

Пронајдете не на следниве мрежи: