ДОМ: Иницијативата за формирање на Албанска Академија води кон поголема сегрегација

Партијата ДОМ изрази загриженост во врска со иницијативата на коалицијата ВЛЕН за формирање на Албанска Академија на науките и уметностите. Според нив, ваквиот чекор не придонесува кон интеграција и создавање на граѓанско општество со еднакви можности за сите граѓани, туку води кон поголема сегрегација.

„Улогата на МАНУ (Македонската Академија на Науките и Уметностите) е да промовира и негува наука и научни достигнувања како универзални вредности, кои ги обединуваат сите етникуми, без оглед на политичките чинители во одреден момент“, велат од ДОМ. Тие истакнуваат дека формирањето на посебна академија за еден етникум може да создаде дополнителни поделби и да го спречи напредокот кон заедничко и инклузивно општество.

Од ДОМ потенцираат дека е потребно да се вложат напори за зајакнување на постоечките институции, како што е МАНУ, за да можат тие подобро да ги претставуваат и служат сите граѓани на земјата, без оглед на нивната етничка припадност.

„Науката и уметноста треба да бидат обединувачки сили, а не причини за поделби. Сите граѓани на Македонија треба да имаат еднакви можности за учество и придонес во академските и уметничките сфери“, изјавуваат од партијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: