(Видео) Со полиција евакуирани жителите на Немањица кои одбивале да ги напуштат куќите и покрај големиот пожар

Фронтот на огнот од светиниколското с. Немањица продолжува да се движи во насока на Штип, известуваат вечерва од Центарот за управување со кризи.

Како што информираа претходно од ЦУК, дел од жителите на селото не сакале да бидат евакуирани и да ги напуштат куќите:

Инаку, едно повозрасно лице загина во кумановското село Кокошиње, најверојатно задушено од чад, во пожарот што го зафати денеска ова село, информира попладнево директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Додаде дека сопругата на загинатиот била успешно евакуирана.

Пронајдете не на следниве мрежи: