Добра вест: 7-те лица кои беа заглавени во куќа – се евакуирани

7-те лица кои беа заглавени во куќа во с. Строиманци, Св. Николе безбедно се евакуирани откако најпрво полициски хеликоптер фрлил вода врз огнениот обрач, направил дупка во огнот низ која брзо влегле пожарникари од доброволното противпожарно друштво од Свети Николе и со возила низ огнениот обрач ги извлекле животно загрозените во оган заробени 7 лица.

Голема благодарност до храбрите доброволни пожарникари и храбрите македонски пилоти, известува директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.