Комунална хигиена-Скопје ќе постави контејнери за кабаст отпад

ЈП Комунална хигиена-Скопје ги информира граѓаните дека од  5.8..до 11.9. 2024 г. на повеќе локации во сите општини  на градот ќе постави контејнери за кабаст отпад во близина на нивните домови  кадешто граѓаните ќе можат  бесплатно да го одложат во контејнерите.Со тоа ќе се избегне грдата слика во населбите на нашиот град.

Се надеваме дека во иднина жителите на сите општини во градот Скопје ќе ги почитуваат препораките на Претпријатието и дека овој тип на отпад во секое време можат бесплатно да го одложат во центарот за селекција на ЈП Комунална хигиена- Скопје којшто се наоѓа на ул.Илинденска,позади бензинската пумпа на Макпетрол во општина Карпош.

Во прилог, листа на локациите за поставени контејнери за одлагање кабаст отпад:

Локации за контејнери наменети за одлагање кабаст отпад:

Општина Ѓорче Петров од 05.08.2024 до 08.08.2024 година

1.    Ѓорче 2, автобуска постојка на последна 5-ка
2.    Хром, автобуска постојка на последна 4-ка
3.    Стара полициска станица
4.    Кај урбана заедница Даме Груев

Општина Kaрпош од 09.08.2024 до 12.08.2024 година

1. ул. Женевска (автобуска постојка на последна 24-ка), Тафталиџе 2,
2. ул.Ј.Гагарин, кај ресторанот „Македонска куќа“,Козле
3. ул.Ванчо Мицков, Долно Нерези
4. ул.,В.В.Чакаларов, позади Порта Влае, кај контејнерите на ЈПКХС, во близина на
      автобуската постојка, ВЛАЕ 2

Општина Центар од 12.08.2024 до 16.08.2024 година

1.    Паркинг на ЈП ПОЦ спроти Веро Џамбо
2.    ул. Питу Гули, кај Тинекс (нас.Водно)
3.    Влезот на ООУ „Ј.Х.Песталоци“
4.    Дебар Маало, кај кружниот тек

Општина Кисела Вода од 17.08.2024 до 20.08.2024 година

1.    УЗ Населба Драчево
       ул.Бранко Заревски бр.17, Парк на бранители
2.    УЗ Кисела Вода
       ул.Христо Татарчев (главна) наспроти ЈДГ 8-ми Март
3.    УЗ Цветан Димов
       ул.Георги Димитров (заден влез на СГУ Васил Антевски Дрен)
4.    УЗ Црниче
       ул.Наум Охридски бб (пред УЗ Црниче)

Општина Аеродром од 21.08.2024 до 24.08.2024 година

1.    бул АСНОМ бр. 68, Реон: населба: Јане Сандански
2.    ул. Коста Новаковиќ бр.48 (23ти Октомври бр.29), Реон: населба: Стар Аеродром
3.    бул. Видoe Смилевски Бато бр. 19, Реон: населба: Ново Лисиче
4.    бул.АСНОМ бр.5 (кај „Рамстор“),Реон: населба: Ново Лисиче

Општина Гази Баба од 25.08.2024 до 28.08.2024 година

  1. ул. Маџари, спроти ресторан „Dalia“,Ченто,
  2. 2. ул. Лазар Поп Трајков, кај месната заедница, Автокоманда,
  3. 3. ул.М.А.Ченто, кај кај месната заедница, Алија Авдовиќ
  4. 4. ул. Благоја Стефковски, кај КАМ маркет, Триангла

Општина Чаир од 29.08.2024 до 01.09.2024 година

1.    раскрсницата меѓу бул. Цветан Димов и ул. Коста Абрашевиќ
2.    ул. Ферид Мурад, до средното училиште Цветан Димов, кај Топлана Север
3.    ул. Крсте Асенов бр. 5 кај контејнерите (до чајџилница Пајтон)
4.    раскрсницата меѓу ул. Дижонска и ул. Втора македонска бригада (кај контејнерите)

Општина Бутел од 01.09.2024 до 04.09.2024 година

 1. Скопје Север – кај Стокомак
2. Бутел 2 – на платото кај џамијата
3. Помегу 1 и 2 влез во Радишани
4. Спроти црквата Св.Јован кај трансформаторот во Бутел 1

Општина Шуто Оризари од 04.09.2024 до 07.09.2024 година

1.    Автобуска постојка на последна 19-ка
2.    Спроти затворот, кај Жуто Лукс
3.    На паркингот зад општината Шуто Оризари

Општина Сарај од 08.09.2024 до 11.09.2024 година


1. Кај претоварната станица на ЈПКХС
2. Локација на старата општина Сарај

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.