Каква контрабанда шверцувала косовската претседателка во Македонија? – Нови детали за драмата на скопскиот аеродром!

Што криела косовоската претседателка, Вјоса Османи од македонската полиција? Зошто одбила да ги отвори своите куфери за детална проверка па побарала помош од претседателот на македонското Собрание Африм Гаши?

Инфомакс разговораше со неколку познавачи на процедурата на скопскиот аеродром кој за нашата редакција велат дека во ниту еден случај полицијата не би побарала отворање на багажот на косовската претседателка доколку немало никакви индиции за пренесување на контрабанда преку граница.

Како што неофицијално дознаваме Османи денеска се враќала од Париз каде присуствувала на летните олимписки игри на покана на францускиот претсдател Емануел Макрон.

По пристигнувањето на скопскиот аеродром на пат кон Косово при рутинска контрола полицијата на скенерите на аеродромот забележала контрабанда која може да биде во форма на пари, девици, злато, дрога и оружје и веднаш реагирала барајќи од косовоската претседателка да го отвори својот багаж.

Османи дрско одбила и побарала помош од претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши кој на аеродромот во Скопје испратил членови на неговото обезбедување меѓу кои и шефот Сабедин Синани.

Синани дрско се обратил кон полицијата, а потоа го извадил и пиштолот кој го репетирал и го вперил во главата на полицискиот службеник кој не дозволил Османи да лета назад за Косово.

По интервенција на полицијата се случила деескалација на ситуацијата, но не е познато што Османи носела со себе назад на Косово.

Експертите кои ги контактираше Инфомакс велат дека веднаш Синани и остантите членови на обезбедувањето на Гаши треба да завршат во притвор поради загрозување на меѓународниот сообраќај во Македонија, а по членот 353 треба да одговара и претседателот на Собранието на Република Македонија за злоупотреба на службената положба како и загрозување на меѓународниот сообраќај во Македонија.

Пред малку за Инфомакс настанот го потврдија и извори од полицијата кои најавија дека за кратко ќе има и официјално соопштение.

Инаку Вјоса Османи и Африм Гаши важат за исклучително блиски соработници, токму една од првите официјални средби како претседател на Собранието на Африм Гаши беше со Вјоса Османи. Претседателот на Собранието Африм Гаши се сретна со претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу, која престојуваше во Скопје пред помалку од месец и половина, во рамки на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.