Панчевски до Силјановска Давковска: БЛАГОДАРАМ, ПОРАКАТА Е ПРИМЕНА!

ПОГОВОРКАТА ВЕЛИ:
“Ако не си со мене тогаш си спроти мене, ќе дојде ден кога ќе треба да се сретнеме и во очи да се погледнеме”.
Иако Управата на Затвор Скопје пред два месеци даде предлог до Претседателот на државата за мое помилување на предлог на установата, претседателката Гордана Силјаноска Давкова инаку моја прва комшика предлогот воопшто не го ни погледнала, ниту се заинтересирала, но затоа првата споредна – најважна работа на Претседателката Силјановска и на Премиерот на Владата биле да се згрижи на функција Павле Трајанов долгогодишниот семеен пријател на Давкови и да се помилуваат некои анонимни лица како Миран Латиф и останати “заслужни” лица предложени од Ковид профитерот Игор Филков министер во широката коалиција СДС – ВМРО… (секако се радувам за Миран можеби заслужил човекот) за Павле нема да коментирам секој сам си го одбира друштвото во кое ќе биде.

Само ќе се присетам дека до неодамна во владата на Зоран Заев истиот тој неколку пати гласаше да им се земаат имунитетите на пратеници од ВМРО за да може да бидат притварани, да не зборам за референдумот, договорот со Бугарија и т.н…

На споменатите им се заблагодарувам и им посакувам долг живот! Нашите патишта завршуваат тука! Имав можеби уште многу да напишам но ќе има и време и мегдан!

Мојата казна во целост, без милост и условни отпусти и попусти кои никогаш нема да ги барам завршува за три ипол месеци, животот продолжува и не е само еден ден, еден мандат или функција! Животот сам ги чисти нечесните од твојот живот и продолжуваш понатаму.

Не сме сите исти, овој гест ќе го паметам до крајот на животот, а ќе го паметат и моите малолетни деца!
Постов е напишан само за да сведочи за историски факти кој, кога, кому и зошто! Кој бил на чија страна! Каде биле пријателите, комшиите, соборците…

Ви благодарам, пораката е примена!
Честит Илинден!
Скопје 01.08.2024 година

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.