ВЛЕН: МВР и државата немаат надлежност врз безбедноста на аеродромот, слично недоразбирање имало и кога Џафери бил технички премиер

„Како ВЛЕН изразуваме загриженост, што една полтичка партија во Македонија, конкретно ДУИ, се служи со лаги и манипулации“, велат од ВЛЕН.

Тие додаваат дека МВР и државата немаат надлежност да се грижат за безбедноста на аеродромот, туку во овој случај тоа е ТАВ.

„Фактите се следни:

1. МВР и државата немаат надлежност врз безбедноста на аеродромот, туку тоа е под надлежност на концесионерот во случанојт тоа е ТАВ.

2. Согласно Вијенската конвенција, државните челници имаат специјален третман при патување, но деталите за безбедностите протоколи ги одредува концесионерот на аеродромот.

3. Слично недоразбирање имало и кога Талат Џафери бил технички премиер, зошто ДУИ не зборуват за тоа? И прашуваме дали кога функционери на ДУИ биле на патувања ги заобиколувале скенерите?

Уште еднаш ги повикуваме ДУИ да престанат да шират манипулации, и да престанат да ги нарушат односите помеѓу Косово и Македонија, а јавноста ја повикуваме да не потпаѓаат под пропагандата на ДУИ, се наведува во партиското соопштение.“, стои во соопштението.

Пронајдете не на следниве мрежи: