Бен Афлек откри изненадувачка промена на својот имиџ, а сите се убедени дека причината е токму неговата брачна криза и се поизвесниот развод од Џенифер Лопез.
Бен се појави во Лос Анџелес за време на викендот, а неговото поинакво издание привлече внимание. Тој ја скрати својата коса и носеше значително поинаков стил на облека во споредба со неговите претходни појавувања.
Носеше маица со логото на Red Hot Chili Peppers, тесни фармерки, како и авијатичарски очила и црна кожна јакна која изгледаше премала.
Ben Affleck, 51, unveils midlife crisis makeover as he emerges amid Jennifer Lopez divorce drama with faux hawk, rocker tee and NO ring https://t.co/7PdtzW3BCX pic.twitter.com/ywqKEkPnmX— Daily Mail Online (@MailOnline) August 4, 2024
Она што на сите им „светна“ е тоа што овој пат се појави без бурма. Џеј Ло и Бен не се видени заедно два месеци, а извори за DailyMail.com изјавиле дека ги подготвиле документите за развод и чекаат моментот да ги поднесат.
Токму овој четврток вечер, Џенифер беше забележана како излегува без венчалниот прстен, но со вереничкиот прстен обвиен преку десната рака.
Ben Affleck debuts new hairstyle in Los Angeles. pic.twitter.com/qUMLtOO7n2— Bennifer Updates (@BenniferUpdates) August 4, 2024
Сите се убедени дека брачната криза со Џеј Ло е „виновна“ за оваа трансформација на Бен. За време на разделбата со првата сопруга Џенифер Гарнер, Бен направи и драматична промена во својот изглед.
Ben Affleck, 51, unveils midlife crisis makeover as he emerges amid Jennifer Lopez divorce drama with faux hawk, rocker tee and NO ring https://t.co/CpCgWYTFqx— NahBabyNah #Trump (@NahBabyNah) August 4, 2024
Тој направи огромна тетоважа со феникс на грбот за која првично тврдеше дека е лажна за улогата, откако фановите почнаа да ја коментираат на социјалните мрежи.Меѓутоа, години подоцна, откако беше исмеан, тој призна дека тоа е реално.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.