Малолетно девојче избегало од дома за да живее со 23-годишник

На 13.08.2023 во 00:30 часот во с.Калково, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово го лишиле од слобода У.Ф.(23) од с.Калково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со малолетно лице“ по член 197 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Во неговиот дом била пронајдена М.Ј.(12) од Росоман, за која претходно нејзиниот татко пријавил дека се оддалечила од домот и заминала да живеее со У.Ф. во неговиот дом.

Малолетничката била предадена на родителите и за настанот бил запознаен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи: