(Видео) Руски стратешки бомбардер се урна во областа Иркутск

Стратешки бомбардер „Ту-22М3“ се урна во Черемховски во областа Иркутск во Руската Федерација. Според извештаите на локалните медиуми, авионот се запалил во лет, а потоа почнал брзо да се понира. Детално се наведува дека бомбардерот се урнал во близина на селото Михајловка, на 100 метри од сојузниот автопат „Р-255“.

Според очевидци, пилотите успеале да се катапултираат, но нивната состојба се уште не е позната. Бомбардерот најверојатно паднал како последица на техничка неисправност.

Авионот датира од 1977 година, а последниот од овој тип авиони беше произведен во 1993 година.

Леталото е вооружено со три ракети Kh-22. Должината е 42,45 m, висината е 11,05 m, а распонот на крилата е 34,28 и 23,8 m, во зависност од режимот на летење. Авионот е опремен со два мотори, кои му даваат опсег на лет без полнење гориво е до 7 илјади километри. Досегот на летот е 6 илјади километри, а со максималното оптоварување е 2,4 илјади.

Се известува дека од 2024 година, Русија има 57 вакви летала во својот арсенал.

Пронајдете не на следниве мрежи: