Тешко повреден 80-годишник, го удриле со автомобил додека пешачел

На 14.08.2024 во СВР Тетово било пријавено дека околу 20.40 часот на булевар „Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило „даеву ланос“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.З.(36) од Тетово, удрило во пешакот Ѓ.Т.(80) од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница во Тетово.

Увид на место на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.

Пронајдете не на следниве мрежи: