Украинците уништија клучен мост во руската област Курск

Украинските сили уништија стратешки важен мост на реката Сејм, додека продолжува со упадот во руската област Курск.

Со ова според руски официјални лица 9украинската операција во близина на градот Глушково отсече дел од локалниот округ.

Мостот го користеше Кремљ за снабдување на своите војници со залихи и неговото уништување може да ги попречи нивните напори.

Претседателот Володимир Зеленски рече дека украинските војници ги зајакнуваат своите позиции во Курск и ги нарече заземените територии фонд за размена, што имплицира дека тие би можеле да бидат заменети со украинските региони окупирани од Москва.

Во својата втора недела, ова е најдлабокиот упад на Украина во Русија откако Москва ја започна својата целосна инвазија пред повеќе од две години.

Ненадејната прекугранична операција на Украина резултираше со повеќе од 120.000 луѓе кои беа евакуирани на безбедно.

Но, среде украинските претензии за територијални придобивки, Киев постојано тврдеше дека не сака да ја окупира Русија.

Порачаа дека една од клучните цели што ја сакале од нивниот упад во Русија е да ја натераат Москва да преговара „по нивни услови“.

Пронајдете не на следниве мрежи: