Маж и жена од Скопје нападнале полицаец во Струга

Маж и жена од Скопје заработија кривична пријава поради напад на полицаец во Струга.

„Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.С.(51) и 41 – годишната А.С., двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 03.08.2024 во Струга, пријавените физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија“, информираат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: