Шокантно откритие за милионскиот тестамент на принцезата Дијана! Вилијам и Хари не беа единствените наследници, имаше и други нејзини деца

Светот застана и солзи течеа кога на последниот ден од август 1997 година беше објавено дека најомилената принцеза на сите времиња Дијана загинала во сообраќајна несреќа во Париз. Тогаш беа отворени многу контроверзии, почнувајќи од нејзиниот љубовен живот, односот со кралското семејство и тестаментот што го остави зад себе и нејзините наследници.Принцезата Дијана оставила тестамент заедно со попис на нејзиниот имот. Се претпоставува дека тоа го направила кога официјално се развела од принцот Чарлс и ја изгубила титулата „Нејзиното кралско височество“.Во последниот тестамент на Лејди Ди се споменуваат неколку луѓе. Двајцата главни наследници се секако нејзините синови, принцовите Вилијам и Хари. Во тестаментот биле вклучени и 17 деца на кои принцезата им била кума, како и нејзиниот сакан батлер Пол Бурел.Тестаментот ги откри сите имоти на принцезата Таа ги избрала нејзината мајка Лејди Френсис и една од нејзините сестри Лејди Сара за повереници и извршители. Британските медиуми јавија Високиот суд на правдата на Англија, според кој имотот на принцезата Дијана изнесува 21.711.485 фунти, што е повеќе од 30 милиони долари.Меѓутоа, кога беше пресметан (огромниот) данок на наследство, бројот драстично падна, па нето вредноста всушност беше 17 милиони долари.Откако помина низ процесот на одобрување на Високиот суд, имотот на принцезата Дијана беше распределен како што таа наведе во тестаментот. На батлерот му оставила околу 70.000 долари, додека кумовите добивале работи од сентиментална вредност како фотографии, уметнички слики, порцелан.Таа оставила 1,4 милиони долари на фондацијата, како и целата нејзина облека, вклучувајќи ја и нејзината позната венчаница. Фондот го користат Вилијам и Хари, нивните семејства и добротворни организации.Остатокот од имотот го поделиле нејзините синови. Секој добил пристап до својот дел од наследството кога ќе наполни 30 години. Принцовите го добија и накитот на Дијана, кој често го гледаме на нивните поубави половини, Кејт Мидлтон и Меган Маркл.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.