(Видео) Во Скопје не смеат да победат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – Левица може да одговори на проблемите на граѓаните

Во Скопје не смее да се гласат кандидати за градоначалници и да се дава политичка моќ на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Левица може да одговори на проблемите на граѓаните, вели во денешното гостување во „Тешки муабети“ пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ.

– ВМРО-ДПМНЕ не смее да победи во Град Скопје на следните избори. Замислете тие имаа „аргументи“ зошто да не се набавуваат нови автобуси, советниците му се на дугме на Мицкоски, не размислуваат со своја глава. Водовод за првпат по дваесет години не е во минус, а досега бил во минус затоа што се крадело. Го гледаат градот како место за вдомување на партиски кадри. Јас сум бил во соетот на Град Скопје, ги знам проблемите и тврдам дека Левица може да одговори на проблемите на граѓаните, вели Мециновиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: