Пејачката Адел и официјално стана светска ѕвезда со најскапи билети за концерт.Билетите од „Last minute“ за концертот на пејачката Адел достигнаа рекордна цена. На претходните десет концерти во Минхен, таа направи вистински спектакл на кој секој ден присуствуваа по 80.000 луѓе.Сепак, беше објавено дека Адел го има еден од најбараните концерти во Лас Вегас, како и дека го држи рекордот за најбрзо продаван албум. Сајтот што продава „last minute“ билети за концерти – „Gametime“ објави дека билетите за концертот на Адел биле најскапи продадени во текот на целата година, по цена од 1.011 долари.На второто место на оваа листа е Тејлор Свифт, за чиј концерт требаше да издвоите 958 долари.Инаку, за нејзините концерти во Минхен дури и е изградена посебна арена, а не помал интерес за оваа пејачка има и во другите градови.
Пронајдете не на следниве мрежи: