Изгледа дека секирата не е закопана, иако …Модната недела во Њујорк помина во знакот на гламурот, но и неколку скандали. Убавицата од Барбадос и црниот пантер беа актери на самиот настан, а папараците сето тоа го снимија и го објавија на мрежите.
Некогаш две блиски пријатели – пејачката Ријана и манекенката Наоми Кембел, денес не можат да се видат очи в очи, а сето тоа поради, како што пишуваа медиумите во 2017 година, Хасан Џемил, згодниот милијардер од Саудиска Арабија.
Имено, најпознатиот модел од деведесетите и милијардерот биле во кратка врска, а набргу потоа утеха нашол во Ријана.Црниот пантер, како што многумина ја нарекуваат Кембел, не му простил, а пејачката ваквото однесување на познатата манекенка го сфатила како напад на нејзината личност. Од тој момент, двајцата најдобри пријатели никогаш повеќе не прозбореле во животот.
Сега на мрежата кружи видео од Њујоршката модна недела, каде што можеме да ја видиме Ријана како влегува во собата, срдечно ја поздравува личноста што седи до Наоми, притоа целосно игнорирајќи ја.
Погледнете како тоа изгледаше во продолжение:
View this post on Instagram A post shared by Page Six (@pagesix)
Пронајдете не на следниве мрежи: