Русија им ги одзеде акредитациите на шестмина британски дипломати

Русија им ја укина акредитацијата на шест британски дипломати, обвинувајќи ги за шпионажа, пренесе Интерфакс, повикувајќи се на Службата за државна безбедност (ФСБ).Како што соопшти ФСБ, акредитацијата на дипломатите била одземена бидејќи нивните активности ја загрозувале безбедноста на Русија.„Врз основа на документите доставени од руската ФСБ, како одговор на бројните непријателски потези на Лондон, Министерството за надворешни работи на Русија ја укина акредитацијата на шестмина вработени во политичкиот оддел на британската амбасада во Москва, чии постапки открија знаци на разузнавање и субверзивна работа“, се вели во соопштението.ФСБ не ги откри имињата на британските дипломати.Разузнавачката служба предупреди дека во иднина „доколку се откријат слични дејствија меѓу вработените во британската дипломатска мисија, руската ФСБ ќе бара предвремено прекинување на нивните службени патувања во Русија“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.