БЕЗ СОГЛАСНОСТ ОД МИНИСТЕР ЛЕКАРИ ЗЕМАЛЕ ПАРИ ЗА ДЕЖУРСТВА – Констатирани се бројни неправилности во здравството

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната прес-конференција обвини дека по извршените контроли од Фондот за здравство и во другите надлежни институции, биле нотирани голем број неправилности во работењето на здравствени установи од страна на директори поставени од поранешната власт кои според Стојаноски, работеле само за свој личен интерес.При контролите, според Стојановски, констатирано е дека се извршувале набавки на лекови кои не се на листата на лекови што со општ акт ја утврдува Фондот за здравствено осигурување, на кој министерот за здравство дава согласност, но за истите ЈЗУ нема обезбедено претходна согласност од Министерството за здравство и од Фондот.
Станува збор за здравствените домови во Гостивар и Струга, Клиничката болница во Тетово, општите болници во Струга, Струмица и во Дебар, како и на Универзитетските клиники за кардиохирургија, нефрологија и психијатрија во Скопје.

– Злоупотреби се правени и во делот на дежурствата. Имено при контролите евидентиран е случај во ЈЗУ, каде се пресметува и исплаќа додаток за дежурство, но на контролата не и е дадена на увид согласност од Министерство за здравство, за обезбедување непрекинато вршење здравствена дејност со работа со дежурство во: УК за максилофацијална хирургија – Скопје, УК за државна кардиохирургија – Скопје, УК за нефрологија – Скопје, УК за психијатрија – Скопје, Општа болница – Струмица – рече Стојаноски.

Тој порача дека времето на злоупотреби во здравството поминало и дека следува одговорност, тврдејќи дека одговорните лица во здравството од СДСМ и од ДУИ се однесувале како клиниките и болниците да се нивна своина, без да водат грижа за вработените, средствата и за пациентите.

Пронајдете не на следниве мрежи: