ПЕКОЛ ЗА УКРАИНА! ДОСЕГА ОСТАНA БЕЗ ПОЛОВИНА ОД ЕНЕРГЕТСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА: Во зима ќе нема струја и вода!

Во пресрет на средбите меѓу Володимир Зеленски и првиот човек на Европската комисија, оваа институција излезе со мрачни прогнози.

Украина изгуби половина од својата енергетска инфраструктура, така што недостигот на струја и вода во зима е сигурен.

Комисијата има план да му помогне на Киев, па тој ќе биде претставен утре.

Европската комисија излезе со проценка дека во Украина досега е уништена над 50 отсто од нејзината енергетска инфраструктура. Комисијата смислила план според кој на Украина ќе и се обезбеди половина од потребната енергија. Со оваа идеја утре ќе го посети Киев и шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Украина е пред тешка зима.

ЕК оди толку далеку во своите прогнози што сосема отворено наведува дека Украинците во зимските денови ќе живеат без струја и вода.

Нападот на Вооружените сили на Украина на Курск имаше за цел заземање на нуклеарната централа Курчатов и некакво „пазарење“ со Русите, за електраните во Украина да бидат поштедени од идни ракетни напади.

Бидејќи авантурата во Курск не одеше според планот, сојузниците на Киев смислија нов план.

Грубо кажано, Украина има план на маса што би помогнал „да се загреат украинските домови, училишта и болници во текот на зимата“.

Би било интересно да се има увид во тој план. Кои земји и по која цена ќе бидат подготвени да му „подарат“ мегавати на Киев во студените зимски денови, кога дефектите и недостигот се феномен дури и во земјите каде што владее мир.

Нема сомнеж дека некои земји ќе профитираат многу од пријателството со Украина.

Очигледно е дека руските бомбардирања на енергетски објекти се толку сериозни, а полека станува јасно дека Русија не седела со скрстени раце по нападот на мостот на Крим и цивилите во Белгород.

По овие настани, нападите се засилија. Додадете ги на тоа и нападите со украински беспилотни летала врз рускиот енергетски сектор, кои сега изгледаат како блед обид за уцена. Овој воено-економски пинг-понг може да заврши лошо и за украинската армија и за граѓаните на Украина. Ќе видиме како ќе изгледа европскиот план и колку Украина ќе има корист од него веќе оваа зима.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.