Според српскиот претседател Александар Вучиќ, просечната плата во декември во Србија ќе биде 900 евра

Според српскиот претседател Александар Вучиќ, просечната плата во декември во Србија ќе биде 900 евра.

Како што кажа тоа е трипати повеќе за 10 години.

„Мораме да притискаме, добро е што се носи ребалансот, наскоро ќе влезе во буџетот, се надевам дека министрите ќе ги намалат апетитите, дека ја имаме стапката на јавниот долг под контрола. Се надевам дека дефицитот нема да надмине три проценти“, додаде Вучиќ.

Вучиќ изјави и дека платите во Србија растат.

„Платата на наставниците беше околу 30.000 динари, денес е околу 100.000 динари без надоместоци за стаж и други додатоци“, рече Вучиќ.

Платите растат и во други држави од регионот и се повисоки од македонските плати.

Пронајдете не на следниве мрежи: