Две момчиња, за кои се вели дека имале по 19 години, украле автобус во алкохолизирана состојба во германскиот град Ахен и удриле во куќа во околината, додека ги бркала полицијата, пренесува „Билд“.
Несреќата се случила во текот на ноќта, а од куќата каде што завршило возилото за среќа немало повредени.
Како што пренесува „Ахенер цајтунг“, пожарникарите биле повикани околу 2 часот и 30 минути по полноќ, кога автобусот веќе удрил во куќата. Брзата помош чекала на местото на настанот и во украдениот автобус пронашла две лица.
Возачот останал заробен во возилото и со тешки повреди е пренесен во болница, пишува „Билд“.
Повреден е и неговиот сопатник кој е пренесен во болница. Според првичните полициски информации, во автобусот во моментот на несреќата немало патници.
По проверка на статичката стабилност, експертите им дозволиле на жителите да се вратат во зградата.