INFOMAX.MK

По катасрофалните поплави коишто ја погодија Босна и Херцеговина бројот на жртви се искачи на 21. Се уште се трага по многу други.

Н1 јавува дека трудница починала во селото Злате откако врз неа паднало дрво. Големи штети се забележани и во селата Глогошница и Шабанчиќи, но за среќа луѓето успеале да се спасат и во текот на ноќта нашле безбедно сместување.

Екипите на цивилната заштита, вооружените сили и другите служби се на терен од седум утринава и работат на пронаоѓање на исчезнатите и откопување на урнатините под кои се осомничени лица.

Во текот на ноќта врнеше дожд, но престана во раните утрински часови.

Во Јабланица се повлекла водата, па уште повидлива е големината на штетите.

Пронајдете не на следниве мрежи: