Мицковски утре ќе го пречека премиерот на Србија, Вучевиќ

Ве известуваме дека утре 07.10.2024 година (понеделник) со почеток во 10:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе го пречека и ќе биде домаќин на посетата на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ и српската делегација, соопштија од владиниот кабинет.

Во рамки на посетата ќе се одржи тет-а-тет средба на претседателот на Владата, Мицкоски со претседателот на Владата на Република Србија, Вучевиќ.

Исто така ќе се одржи и пленарна средба помеѓу делегацијата на Владата на Република Северна Македонија и делегацијата на Владата на Република Србија, по што ќе следи свечено потпишување на Меморандум за соработка меѓу македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини со српското Министерство за рударство и енергетика.

Во 11:45 часот заедничка прес конференција за медиумите во Медија центарот на Владата ќе одржат премиерот на Република Северна Македонија, Мицкоски и на премиер на Република Србија, Вучевиќ.

Го покануваме Вашиот медиум да ја проследи заедничката прес- конференција.

Пронајдете не на следниве мрежи: