Работници недостасуваат во градежништво, угостителство и производство

Податоците на Агенцијата за вработување покажуваат дека во Македонија дефицитот на кадар најмногу се забележува во градежништвото, угостителството и производството. Директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова посочува дека овие се најбараните профили од страна на работодавачите. Таа вели дека преку разни мерки се обидуваат да ги задржат младите дома да работат, но и оние кои учеле во странство да се вратат во државата.

– Тие се дефицитарен кадар во моментов на пазарот на труд, но Агенцијата за вработување и понатаму ќе се обидува да преземе мерки за нивно вработување. Тоа се должи и на специфичните барања на работодавачите кои ги нема расположливиот кадар кој е на евиденција на агенцијата за вработување. Бараат разни сертификати и тие се главна причина за да се одлучат да го поплнат работното место со странски државјанин. Одлуката е на самиот работодавач – вели Пешова.

Од страна на Агенцијата за вработување досега се издадени околу пет илјади позитивни мислења за странски државјани, а годишната квота е 20 илјади.

Пронајдете не на следниве мрежи: