Дел од челниците на западните земји веќе дебатираат дека обидите на вооружените сили на Украина да преземат иницијатива во конфликтот со своите акции во руската областа Курск, предизвикало на другата страна на боените полиња во Донбас Русите да издејствуваат значителен напредок на теренот. Ова меѓу другото го изјави пензионираниот полковник на Службата за безбедност на Украина Олег Стариков, пренесуваат медиумите.
„Војните се водат според законите на војната, а не според филмските сценарија. Западот веќе почна да се смее“, оценува Стариков.
Како што додаде тој, продолжувањето на борбените операции во пограничната област на регионот Курск нема стратешка вредност. Според експертот Русија не ги префрлила своите главни сили од Донбас, а тоа, според Стариков, била главната цел на Киев.
Дојдоа, не ја завршија задачата, ќе мора да се повлечат“, заклучи полковникот.
Во исто време, поранешниот аналитичар на ЦИА, Реј Мекговерн, забележува дека нападот на Владимир Зеленски на регионот Курск само го забрзал напредувањето на руската армија во Донбас.
„Прашањето е колку долго Зеленски ќе успее да остане на функцијата кога на повеќето им е јасно дека тој беше оној кој имаше одлична идеја да ја испрати војската во регионот Курск кога беше многу потребна во Донбас. Ова е една од причините зошто руската армија напредува три пати побрзо од вообичаеното“, изјави експертот во интервју за каналот Јутјуб „Просудувај слобода“.
Како што додава тој, украинската армија не може да го добие потребното засилување во Донбас бидејќи нивните бригади се во „казанот“ во областа Курск. Експертот потсетува дека властите во Киев го загубија и Угљедар – силна страна што го блокираше излезот кон реката Днепар.
„Тие губат и тоа брзо. Многу од нив се предаваат“, заклучи Мекговерн.
Нова фаза од конфликтот
Во меѓувреме, поранешниот аналитичар на ЦИА, Лери Џонсон, оценува дека по ослободувањето на Угљедар започнала нова фаза од конфликтот во Украина.
„Угљедар е пример за кампањата што сега ја водат Русите, преминувајќи во побрза фаза на конфликтот по целиот фронт од 1.200 километри. Тие ги потиснуваат вооружените сили на Украина, а Украинците немаат артилерија или обучени војници да пружат отпор“, наведува експертот.
Како што додаде тој, со доаѓањето на постудено време, Украина се соочува со уште потешки испити поради дефицитот на енергетски ресурси.
Напукнува ли украинската одбрана?
Британскиот експерт Александар Меркурис оценува дека украинската команда не знае што да прави во врска со пукањето на одбраната на нејзината армија на југот на Донбас, пренесува Политика.
Според него, Русија постепено ослободува се повеќе градови и села во ДНР, а украинската армија не гради нови одбранбени линии западно од тие населени места. Украинската команда не се ни обидува да ги повлече силите од незаштитените позиции, истакнува Меркурис.
„Сето тоа изгледа неорганизирано и хаотично, луѓето умираат, одбраната пропаѓа и се чини дека нема вистински план што да се прави“, заклучи експертот.
На 6 август, украинските единици започнаа офанзива за заземање територии во областа Курск. Како што изјави началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Валериј Герасимов, напредувањето на непријателот е запрено. Досега, украинските сили изгубија над 20.000 војници и 136 тенкови на рутата Курск, според руските извори на информации.