КОМБЕ ИЗГОРЕ НА УЛИЦА КАЈ СТРУМИЦА – Четворица пожарникари го гаснеа пожарот

Товарно возило изгоре денеска во 9 часот во близина на струмичкото село Дрвош.

Според информацијата од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, возилото се запалило во движење, а во гаснењето учествувало едно противпожарно возило и четворица пожарникари.

Предизвикана е значителна материјална штета, а причините за запалувањето на возилото дополнително ќе се испитуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи: