Масовно пукање на парада во САД – 24-годишно момче загина, три деца меѓу десеттемина ранети

Еден човек е убиен, а деветмина се ранети во пукање што се случило ноќта за време на парада во близина на државниот Универзитет Тенеси во САД, јавуваат медиумите. Властите веруваат дека барем еден од повредените учествувал во пукањето.

Загинатото момче имало 24 години, соопшти полицијата на социјалните мрежи. Неговото име, имињата на повредените, како и информации за мотивот за крвавиот инцидент, не беа веднаш објавени.

Најмалку тројца од повредените се деца и тие имаат полесни повреди. Едното е девојче од 12 години и две други на возраст од 14 години, кои биле пренесени во детската болница во тој регион, изјави Дон Арон, портпарол на полицијата на Нешвил.

Меѓу ранетите се 23-годишно момче и 55-годишна жена, рече Арон, додавајќи дека жената е во критична состојба.

-Сметаме дека ова е нешто што било како страничен инцидент покрај парадата и дека не е директно поврзано со (студентите) и самиот универзитет, изјавија од полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: