Таравари: Не очекуваме негативно мислење за законот за правична и соодветна застапеност

Мислењето на Венецијанската комисија за законот за правична застапеност е добредојдено, рече министерот за здравство Арбен Таравари одговарајќи на новинарско прашање со кое му беше предочено дека претходно го критикувал Законот за јазици, бидејќи бил испратен до Венецијанската комисија.

– Се радувам што сте сфатиле дека има закон за правична застапеност бидејќи до пред три – четири дена се зборуваше дека нема таков закон, па дека премиерот не знае за тоа. Има готов закон кој треба да го синхронизираме и да го координираме. Нема ништо лошо ако се бара дополнително мислење. Сметам дека е неспорно овој закон да помине во Собрание што поскоро, и нема ништо лошо ако земаме второ мислење, рече Таравари.

Тој очекува позитивен одговор од Венецијанската комисија бидејќи, како што рече, е работен со меѓународни експерти кои се кредибилни и респектирани во институциите на меѓународното право.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.