Села не го напушта Европскиот фронт, тврди дека ќе има предвремени избори

Претседателот на Алијанса на Албанците и пратеник, Зијадин Села ги негирал информациите дека ја напушта коалицијата Европски фронт. Според него, АА е сериозен политички субјект.

Изјавил дека ваквите информации доаѓаат од ВЛЕН.

„Дадениот збор ми е важен. Не знам од каде кружат овие тези, но веројатно од ВЛЕН. Не знам дали сте ја слушнале анегдотата за лисицата и овенот – се однесуваат како лисици“, рекол Села пред седиштето на партијата во Гостивар, каде се одржале состаноци на претседателството на партијата заедно со претседателите на ограноците.

Села смета дека во Македонија ќе има предвремени избори.

„Мораме да дејствуваме политички и да разговараме со Албанците и другите заедници, за сите напори на Владата што не врати назад, да ни ги ускрати нашите права. Ова што сега се случува не е нешто ново“, изјавил Села и ја споменал 1990 година, велејќи дека тогаш на Албанците им бил ускратен албанскиот јазик.

Колку за потсетување, пратеникот и лидер на ДПА, Мендух Тачи веќе го напушти Европскиот фронт. Тој оцени дека ДУИ ја поразила коалицијата ВЛЕН во секоја смисла и оти нема сомнеж дека ДУИ е политичка сила во земјата, но веќе нема да биде дел од Фронтот. Тој исто така посочи дека актуелната Влада добила силен удар кога ЕУ ја одвои Македонија од Албанија на патот кон интеграција на земјата во ЕУ.

Пронајдете не на следниве мрежи: