Филков: Овозможивме жртвите од кривично дело со насилство да добијат паричен надоместок

Изминатиот период Министерството за правда интензивно работеше на обезбедување и реализација на повеќе активности со цел за завршување на процесот од административно-технички и правен карактер за отпочнување на Комисијата како независен субјект со својата работа.

Министерот за правда Игор Филков смета дека ова претставува важен исчекор кон обезбедување на подобра заштита на човековите права за жртвите на кривични дела со насилство. Со ставањето во функција на канцеларијата за Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, се создаваат услови оваа комисија да функционира како независно тело со својство на правно лице.

Иако Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство стапи на сила на 25.11.2022 година, а започна да се применува од 25.05.2023 година, еве денеска, цели 17 месеци по примената Министерството за правда обезбеди услови за започнување со работата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство формирана на 13.02.2024 година. Целта на овој закон е да се обезбеди паричен надоместок на жртвите од кривични дела сторени со насилство како помош од страна на државата, согласно со начелото на општествена солидарност и да се спречи секундарна виктимизација како дополнително страдање што жртвите можат да го претрпат од односот на надлежните органи, рече Филков.

Претседателката на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, Цветанка Периќ упати благодарност до Министерството за правда за напорите да се обезбедат услови за непречено работење и најави дека на наредната седница ќе се отпочне со постапување по предмети.

Пронајдете не на следниве мрежи: