Ахмети: Како се задира јазик кој е платен со крв?! – Мицкоски смирува: Не е цел закон спорен, туку само 2-3 одредби

Северна Македонија ќе напредува доколку двете најголеми етнички заедници, Албанците и Македонците, имаат добри односи, бидејќи овие две заедници ја имаат главната одговорност за иднината на државата, порача претседателот на ДУИ, Али Ахмети, пред граѓаните на Сарај, како дел од средбите за заштита на легитимноста. Ахмети ја повика секоја македонска партија јасно да им кажат на Македонците дека оваа земја им припаѓа и на Албанците, кои не се кираџии.

„Денеска е патриотизам да се почитува идентитетот, културата, јазикот на сограѓаните. Не е патиротизам да војуваш и освојуваш, да го смениш Законот за употреба на јазиците. Како се задира јазикот?! Ние го плативме со крв! Како се отвораат стари рани кои болаат повеќе од новите рани?! Како можете да задирате врз етничката припадност?“, вели Али Ахмети.
Премиерот Христијан Мицкоски смирува. Вели дека предметот кој е во Уставен суд не е во врска со Законот за употреба на јазиците туку само за 2 или 3 одредби на законот, за кои Венецијансаката комисија даде негативно мислење. Еден од нив е и законот за мајчин јазик на судските рочишта.
вен употребата на јазиците на судски рочишта, Венецијанската комисија даде мислење и за употребата на албанскиот јазик во банкнотите и униформите на армијата.
Предметот за Законот за јазиците се состои од 13 граѓански иницијативи, политички партии, разни здруженија и е формиран во 2019 одина.
Во интервју пред една недела за ТВ21, членот на Уставниот суд, Осман Кадриу, рече дека во текот на месец декември, најверојатно на 11-ти, Судот ќе одржи рочиште за овој закон. истакна дека по ова прашање може да има судири меѓу судиите, исто како што имаше и за укинувањето на декларацијата за етничка припадност при вработување.

Пронајдете не на следниве мрежи: