Дали некогаш сте се стресле во сон и одеднаш сте се разбудиле?
Научниците имаат објаснување зошто тоа се случува.
Ненадејно грчење додека заспивате е хипнотичка состојба, односно ненамерни мускулни грчеви. Името го добила по хипнагогичната состојба, односно преодниот период помеѓу будноста и спиењето. Мускулните грчеви може да се појават спонтано или да бидат предизвикани од надворешни влијанија како звук или светлина.
Научниците велат дека стресот, големите количества кофеин, заморот и недостатокот на сон може да ги зголемат зачестеноста и шансите за хипнагогично грчење, но оваа вообичаена појава сè уште не е доволно истражена. Не е сигурно зошто се појавува оваа состојба. Една теорија вели дека тоа е природен телесен премин од будење во сон и дека се случува кога нервите слабеат во текот на процесот, пишува Live Science.
Во секој случај, научниците се согласуваат дека оваа појава е безопасна.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.