ВМРО-ДПМНЕ предложи двајца нови членови на ДИК

Ангелчо Ристов и Светлана Карапетрова се предложени за членови на државната изборна комисија од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Предлог-одлуката попладнево беше утврдена на собраниската комисија за изборите и именувањата.

Претходно, на втори октомври собранието го избра Борис Кондарко по предлог на СДСМ за нов претседател на ДИК, за потпретседател Абдуш Демири од БЕСА, меѓу членовите на ДИК останаа досегашниот претседател Александар Даштевски од ВМРО-ДПМНЕ, Дитмире Шеху од ДУИ и Оливер Ристевски од СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи: