Првпат гледаме министер за одбрана да отвора градинки, наместо да се погрижи за Армијата, пишува во објава на Фејсбук Александар Настески, претседател на Независниот синдикат на професионалните војници.
– Пред неколку дена се постави камен темелник за нова градинка во општина Ѓорче Петров, и како што можевме да видиме таму присуствуваше министерот за одбрана #ВладоМисајловски !
За првпат видовме министер за одбрана да присуствува на почеток на изградба на
” градинка “….![]()
![]()
Како синдикат повеќе очекувавме дека ќе присуствува на поставување камен темелник на нови објекти по касарните низ државата и реновирање на постоечките …АМА за жал не е така ![]()
Бидејќи како синдикат немаме средба со министерот во овие 4 месеци и НЕМА социјален дијалог… Ќе му образложиме како е во Армијата ![]()
Господине министер,
Дали знаете дека 95% од лицата кои даваат стражарска служба (обезбедување на објекти) се професионални војници
Дали знаете дека во тие објекти , тие професионални војници таму работат,спијат, јадат, престојуваат 24 часа / 365 дена во годината
Дали знаете дека некои објекти не се реновирани дури од ЈНА, дека се покриваат скршените прозорци со картони, дека има влага и објектите се руинирани, дека војниците спијат на перници и ќебиња стари 20 години ![]()
Дали знаете дека нема техничка вода , дека се носи вода со цистерни, некаде нема струја се употребуваат агрегати, нема каде да се избањаат војниците и нема санитарни јазли ![]()
ЗНАЕТЕ ЛИ ![]()
СЕКАКО ДЕКА НЕ ЗНАЕТЕ, бидејќи НЕМА кој да Ви каже ![]()
Министерството за одбрана ТРЕБА да се грижи за припадниците на Армијата, за ТИЕ кои деноноќно ја чуваат државата треба да се обезбедат нормални услови за работа и живот, а не да се прави ПР од се ![]()
На професионалните војници не им треба градинка , бидејќи над 80% од професионалните војници кои ќе наполнат 45 години ја напуштаат државата со се цело семејство…. така да секако градинките ќе бидат празни ![]()
На професионалните војници им треба ПЕНЗИЈА за да продолжат да живеат во оваа држава ![]()
А баш за таа ТЕМА сите се НЕМИ , и тоа со децении….
#ВистинатазаАрмијата – стои во објавата на Фејсбук.







