Ахмети: Четврт век велам, ако ги изгубам изборите, се враќам дома

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети од вечерашната средба со граѓаните во Куманово нагласи дека доколку загуби на изборите ќе се повлече од политиката.

Ова изјава на Ахмети доаѓа неколку дена откако Коалицијата „Влен“ му порача дека ако тој навистина сака предвремени парламентарни избори, да депонира писмена гаранција дека кога ќе загуби, ќе си замине од политиката.

– Мораме да излеземе јавно, отворено да им кажеме, бидејќи овие не разбираат. Ние не сме заинтересирани да влеземе во Владата, но што е можно побрзо да ја напуштат владата, толку подобро е за нив, за нивните семејства, затоа што ова е црна страница за Албанците. Слушнав, бараат да потпишам кај нотар дека доколку со еден глас ги загубам изборите, нема да бидам дел од власта. Четврт век велам, ако ги изгубам изборите, се враќам дома, рече Ахмети.

Пронајдете не на следниве мрежи: