Гоце Седлоски е официјално новиот шеф на стручниот штаб на ФК Вардар.
Новиот предводник на црвено-црните, во својата досегашна тренерска кариера ги предводел екипите на Хоризонт Турново, Рига, Широки Бријег, Работнички, Влазниа, вториот тим на Динамо Загреб и Шкупи.
Интересно е тоа што Миленко Неделковски неодамна во ,,Footcast.mk” рече дека Гоце Седлоски е еден од оние кои го блокираат и тужат Вардар и дека на споменатите луѓе им е забранет влезот на северната трибина.
Своето деби, новиот тренер Гоце Седлоски ќе го има веќе во сабота, на натпреварот против екипата на Шкупи, кој ќе се одигра на Арената ,,Тодор Проески” во Скопје.





