Кривична пријава против лица кои ја отвориле железничката станица во Нови Сад без употребна дозвола

Српската политичка партијата Заедно најави дека ќе поднесе кривична пријава до Вишото јавно обвинителство во Нови Сад против луѓе одговорни дека одобриле да се отвори железничката станица во тој град пред да се добие употребна дозвола, јави Бета.

Како што се наведува во соопштението, ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело неправилно изведување градежни работи, на начин што пред да добијат употребна дозвола ја пуштиле во употреба зградата на Железничката станица во Нови Сад, и по извршени обемни работи на реконструкција на објектот, што доведе до смрт на 14 лица.

При поднесувањето на кривичната пријава утре пред новинарите ќе се обрати копретседателот на таа партија Небојша Зеленовиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: